ВИДЕО: Најдобриот шпански судија не виде ЦРВЕН КАРТОН како планина за Кејлор Навас!

Пред две недели Реал беше на удар по сомнителните одлуки на средбите против Виљареал и Лас Палмас, па Барса е обвинета за судиска помош против ПСЖ, па денес повторно сомнителни одлуки во полза на големите, а против малите екипи во Примера. Голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас без топка го сруши Србинот Брашанац во 23. минута, кога овој беше сам и имаше отворен пат до мрежата на „кралевите“. Судијата Матеу Лахос, кој има највисок рејтинг меѓу шпанските судии, не ја ни прекина играта, иако единствено логично решение беше слободен удар за Бетис и директен црвен картон за Костариканецот. 

Во второто полувреме помошникот на Лахос лошо процени, кога подигна офсајд, а Кристијано Роналдо постигна лоб гол од регуларна позиција.