• Горан Упале

Поранешниот играч за врска на Евертон, Амаду Онана е ново засилување на Астон Вила, објави англискиот клуб од Бирмингем.
22-годишниот Белгиец потпиша петгодишен договор со Астон Вила, а медиумите пренесуваат дека се работи за трансфер вреден од околу 60 милиони евра.
Професионалната кариера Онана ја започна во 2020 година во германски Хамбургер, за кој настапуваше една година, како и за француски Лил, клуб кој беше негова следна дестинација. Претходните две години играше за англискиот клуб Евертон, за кој забележа 70 настапи и постигна три гола. Тој се прости од фановите на „карамелите“ и кариерата ќе ја продолжи во премиерлигашки ривал, со кој во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите.
Amadou Onana’s goodbye message to Everto pic.twitter.com/KKirP86PSH
— (@EvertonNewsFeed) July 22, 2024
Онана ги помина сите младински селекции на белгиската репрезентација, додека за сениорскиот тим е член од 2022 година и беше стандарден првотимец на Европското првенство во Германија.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.