Најдобриот напаѓач на Косово направи трансфер во Лацио

Лацио ја заврши сагата со Ведат Муриќи и потпиша договор со напаѓачот кој доаѓа од Турција.

Муриќи, кој има 26 години и важи за најдобар напаѓач во репрезентацијата на Косово, настапуваше за Фенербахче, ама двете страни се разделија. Калчолигашот веднаш ја искористи ситуацијата и го донесе во Рим, по инсистирање на Игли Таре.

Како играч на Фенербахче, Муриќи даде 15 гола на 32 меча. Претходно тој играше за Ризеспор, Генчлерберлиги, Гиресунспор, Беса, Теута и Лирија.

Трансферот на Муриќи во Серија А доаѓа непосредно пред дуелот на Косово и Македонија во Лигата на нациите.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.