Најдобриот македонски стрелец во странство ќе игра за грчки гигант

Македонскиот репрезентативец Елмин Растодер е пред трансфер во редовите на Панатинаикос, јавуваат повеќе грчки медиуми. 

Напаѓачот имаше одлична сезона во швајцарскиот Тун, каде ја освои шампионската титула и беше најдобар стрелец во тимот (15 гола и шест асистенции), што беше доволен знак за „детелинките“ од Атина да пробаат да го доведат кај себе. 

Растодер има 24 години и се смета за талентиран офанзивец кој може многу да придонесе за екипата на тренерот Јакоб Ниструп. 

Медиумите кај јужниот сосед пишуваат дека Растодер подолго време е означен како главна трансфер-цел на грчкиот гигант. 

Елмин Растодер оваа сезона статистички е најдобриот македонски стрелец во странство. Постигна вкупно 15 гола во мрежите на ривалите во историската сезона за Тун со кој стана првак.