• Горан Упале
Моизе Кин има фантастична сезона со редовите на Фиорентина и за него се заинтересирани бројни европски клубови. Меѓу нив се и Њукасл и Барселона, но Италијанецот летово размислува да ги одбие сите понуди поради Мундијалот.
Поранешниот напаѓач на Јувентус, Евертон и Пари Сен Жермен оваа сезона одигра 39 натпревари во сите натпреварувања и постигна 23 гола. Моментално е на второто место во Серија А кога се во прашање најдобрите стрелци со 17 гола на 29 натпревари.
Импресивните изданија и клаузулата од „само“ 52 милиони евра, која ќе се активира на први јули, ги привлекоа европските гиганти, вклучувајќи ги Барселона и Њукасл. Сепак, како што пренесуваат италијанските медиуми, Кин не е сигурен дека треба да ја напушти Фиренца ова лето.
„Tuttomercato“ наведува дека Кен смета дека треба да остане во Фиорентина и доколку успее да ја повтори оваа сезона во дресот на „виола“, ќе добие покана од Лучијано Спалети за Светското првенство во 2026 година.
Договорот на Кин со Фиорентина моментално е со важност до летото 2029 година и раководството на клубот сигурно не брза да го продаде во случај играчот да сака да остане на „Артемио Франки“. Сепак, нема сомнеж дека ова лето би можело да дојде до корекција на договорот кога станува збор платата и ослободителната клаузула.