• Горан Упале
Еден од најдобрите фудбалери на Аталанта, Адемола Лукман беше на прагот да го напушти клубот од Бергамо ова лето, но тоа не се случи, иако многу европски клубови беа заинтересирани.
Минатата сезона Лукман блесна во дресот на италијанскиот тим, постигнувајќи 17 гола и забележа 10 асистенции на вкупно 45 натпревари во сите натпреварувања.
Неговиот трансфер на почетокот на оваа сезона во Пари Сен Жермен беше речиси завршена работа, но на крајот тоа не се случи. Сепак за него сè уште се интересираат многу клубови, а еден од нив кој влезе во трката е Вест Хем, кој навовдно веќе испрати понуда за трансфер во јануари. На Јулијани Лопетеги му треба крилен напаѓач, а Лукман би придонел многу.
Тој веќе играше во Англија за Евертон, Фулам и Лестер, па Премиер лигата му е познат терен.