• Иван Димовски
В недела ќе се одиграат натпреварите од 17. коло на Првата македонска фудбалска лига. Сите средби се во ист термин, а Фудбалската федерација на Македонија ги одреди официјалните лица.
Најдобриот македонски судија Александар Ставрев е делегиран за средбата меѓу Пелистер и Беса во Битола, а дербито на колото на „Чаир“ го доби штипјанецот Димитар Пилешков.
- Делегираните судии за 17. коло во ПМФЛ:
Вардар - Тиквеш (Игор Иванов, Велес)
Гостивар - Силекс (Марјан Младеновски, Скопје)
Воска Спорт - Шкендија (Јован Качевски, Струга)
Шкупи - Струга Трим Љум (Димитар Пилешков, Штип)
Брера Струмица - Работнички (Крумислав Ѓорѓиев, Штип)
Пелистер - Беса 1976 (Александар Ставрев, Скопје)
Ова е претпоследно коло за 2024 година, завесата во мак-фудбалот се спушта следниот викенд со последните средби од 18. рунда.