Најдобрата шанса за Атлетико да ја прекине сушата

Вообичаено е осуден да собира трошки, но додека Реал Мадрид бележи уште една сушна сезона, а Барселона се задоволува со одбрана на титулата, Атлетико има можност сезоната да ја заврши со два трофеи. Првиот веќе за викенд кога во финалето на Кралскиот куп ќе се соочи со Реал Сосиедад.

Мадридскиот тим на „Картуха“ доаѓа полн со самодоверба по пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите. Но, парадоксално, дуелот со баскискиот клуб за трофеј го дочекува во екот на најголемата резултатска криза, бидејќи загуби пет од последните шест натпревари во сите натпреварувања. Единствената победа во тој период тимот на Чоло Симеоне ја оствари во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите против Барселона, што му беше доволно за пласман меѓу четирите најдобри во Европа. Сега, носен од успех каков што нема остварено од 2017 година, ќе се обиде да ја прекине сушата на „Метрополитано“ која трае веќе четири сезони, од моментот кога ја освои последната титула шампион на Шпанија. И тешко дека ќе му се укаже подобра можност.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Атлетико Мадрид - Реал Сосиедад

Во Кралскиот куп, пак, не славел уште од 2013 година. Сосиедад од друга страна на успех во истото натпреварување чека значително помалку, од 2020 година, што е воедно и последниот трофеј кој го внесе во клупските витрини. На патот кон нов успех му стои клуб од кој стравува, клуб кој веројатно најмалку сакал да го види спроти себе. Бидејќи Атлетико против Сосиедад е непоразен на девет последователни натпревари во сите натпреварувања. Последен пат баскискиот клуб го совлада во јануари 2022 година. Во споменатиот период успеваше да ги победи и Барселона и Реал, но Атлетико не. Можеби дојде време и тоа да се промени…