• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Бојан Најденов ќе има нов клуб во новата година затоа што се раздели со тимот на Академија Пандев.
31-годишниот играч од средниот ред кој зад себе има и четири настапи во репрезентацијата на Македонија дојде во Струмица во месец август од Црна Гора, но се задржа само шест месеци. Одигра единаесет натпревари во ПМФЛ, на кои забележа една асистенција.
Искусниот фудбалер можно е повторно да се врати во Узбекистан, што е сериозна опција. Таму Најденов настапуваше за Навбахор пред две сезони.
Бојан Најденов низ кариерата играше и за црногорска Искра, албански Лачи, ирански Естегал, египетска Смуха, како и домашните клубови Вардар, Работнички, Хоризонт Турново и Кожуф.