Најденов и Цикарски се враќаат во мак-фудбалот, потпишаа со Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев промовира две искусни имиња за започнатата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Европскиот пат на струмичани заврши бргу, па сега можат да се насочат само кон првенството, а потоа и Купот на Македонија. Две нови имиња во таборот на „пандевци“ се Мите Цикарски и Бојан Најденов

Цикарски кој настапува на левата бековска позиција доаѓа по една полусезона без клуб, откако мина година и половина во Ботев Пловдив. Во Бугарија, 29-годишникот се пресели токму од редовите на Академија Пандев, а претходно играше заз Вардар и Работнички во Македонија, Газ Метан од Романија, Пас Џианина во Грција, Етникос на Кипар и беше младинец на Партизан. Цикарски е универзален играч и може да покрие повеќе позиции, па ќе биде од голема корист за Ѓорѓе Стојчев

Кам-бек во мак-фудбалот ќе има и Бојан Најденов. 30-годишниот играч за врска доаѓа во редовите на „пандевци“ по полусезона во црногорската Искра Даниловград. Во првата полусезона лани Најденов настапуваше за Навбахор од Узбекистан, а претходно играше една година во Вардар. Во 2020 година фудбалерот од средината беше дел од Академија Пандев, додека има играно уште за Лачи, Естегал, Смуха во странство, како и Работнички. Хоризонт Турново и Кожуф.

Амбициите на Академија Пандев слично како и лани ќе бидат напад на првите три позиции на табелата. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.