Најцрн ден за Ајакс: Великанот закован на дното со „петарда“ од ПСВ!

Најтрофејниот холандски фудбалски клуб Ајакс доживеа нов дебакл. „Копјаниците“ во дуелот со ПСВ Ајндховен примија пет гола (2-5) и останаа заковани на дното во холандската Ередивизие.

Ајакс се распаѓа и никако на црната серија да ѝ дојде крајот. Тимот нема победа од месец август, во слободен пад е на сите фронтови, а фактот дека од најголемиот ривал доживеа вистински дебакл говори се. За првпат во историјата, Ајакс е на последното место. Од лидерот ПСВ заостанува 25 бода, а прими 21 гол во шампионатот. Зад него е само Хераклес со 22 примени гола. 

Иако двапати водеше, Ајакс не успеа да го задржи тој плус. Ван ден Бомен и Броби даваа голови во првиот дел за предност на „копјаниците“, но во вториот дел следеше распадот. Лозано комплетира хет-трик, по еднаш погодија Де Јонг и Саибари, за конечни 5-2.

Ајакс во следното коло игра со еден од конкурентите во долниот дел на табелата, Волендам.

Состави

Peter Bosz

4-2-3-1

    John van't Schip

    4-2-3-1