ВИДЕО: Најчудниот офсајд, дали судијата погреши и заборави на официјалното правило?

Италија

Помошникот судија на дуелот меѓу Италија и Турција е мета на фановите на социјалните мрежи, поради неговата контроверзна одлука при еден корнер.

Имено, тој покажа офсајд на штета на италијанската репрезентација, кога Инсиње додаде до Берарди. Сепак, според официјалните правила, играч не може да биде офсајд при директно додавање од аголот.

  • Правилото за офсајд:

Тоа не им пречеше на избраниците на Роберто Манчини да слават со убедливи 3-0 и да го отворат Европското првенство со доминантна победа.