ВИДЕО: Најбрз гол во историјата? Рочи во првата минута погоди со Луксембург!

Женската фудбалска репрезентација на Македонија загуби на гостински терен кај Луксембург (1-2), но можно е да имаме рекорд на овој натпревар, затоа што Гентијана Рочи постигна гол на самиот старт.

Нема официјална потврда за колку секунди Рочи го постигна погодокот, затоа што немаше семафор во директниот пренос. Само што Македонија тргна од центар, стрелаше во мрежата на противникот. Нашата напаѓачка доби топка од Наташа Андонова, излезе пред голот и погоди по земја.

  • Погодокот на Гентијана Рочи против Луксембург:

Рочи, која е наша интернационалка во Финска во тимот на Купс, заедно со Наташа Андонова се лидери во нашиот женски фудбалски национален тим.