Најбараниот стопер на светот заврши во тимот на Пеп Гвардиола!

Манчестер Сити го официјализираше трансферот на Марк Геи, кој се пресели на „Етихад“ од екипата на Кристал Палас. Англискиот репрезентативец потпиша договор на пет и пол години, со што ќе остане дел од актуелниот шампион најмалку до летото 2031 година.

Двата клуба постигнаа договор за трансфер вреден околу 20 милиони фунти, со можност сумата да се зголеми преку бонуси поврзани со настапите и успесите на тимот. Геи доаѓа како значајно засилување во одбраната на Сити, особено во период кога тимот се соочува со бројни повреди кај дефанзивците.

Според информациите поврзани со договорот, 25-годишниот стопер ќе заработува околу 300.000 фунти неделно, што го вбројува меѓу најплатените дефанзивци во Премиер лигата. На годишно ниво, неговата плата би изнесувала приближно 15 до 16 милиони фунти, без вклучени бонуси.

Геи зад себе има значајно искуство од Премиер лигата, со повеќе од 180 настапи за Кристал Палас, каде што беше и капитен на тимот. Тој е продукт на академијата на Челзи и стандарден член на англиската репрезентација, што дополнително ја зголемува неговата вредност и улога во новата средина.

Со овој трансфер, Манчестер Сити добива стабилност, лидерство и длабочина во одбраната, додека клубот јасно испраќа порака дека и понатаму има високи амбиции во борбата за домашните и европските трофеи.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.