Најава за сензационален трансфер: Партизан ќе потпише со Швајнштајгер!

Германскиот интернационалец Бастијан Швајнштајгер преговара за договор со првакот на соседна Србија, белградски Партизан. На крајот од годината истекува договорот на Германецот со Чикаго и некогашниот светски првак најави враќање во Европа. 

Сопругот на Ана Ивановиќ навива за Партизан и веќе го бодреше кошаркарскиот тим од првиот ред во дербито од АБА-лигата против Црвена Звезда. Белградски Партизан презими во Лига Европа и тоа е причината заради која го сака Швајнштајгер во своите редови. Викторија Плзен ќе биде ривалот за пласман во осминафиналетоо на „црно-белите“.

Швајнштајгер е дете на Баерн, кој во својата кариера покрај за овој гигант, настапуваше за Манчестер Јунајтед и Чикаго Фајр. Со германската репрезентација, Швајнштајгер стана светски првак, а играше и финале на Европскиот шампионат.