Најава за „бомба“ во Белград: Екс-европски првак ја презема Црвена Звезда?

По оставката на Дејан Станковиќ, Црвена Звезда тргна во потрага по нов шеф на стручниот штаб, а меѓу имињата кои се појавија како можни наследници е и Рафаел Бенитез.

Искусниот шпански стратег е една од опциите што ги разгледува раководството на „црвено-белите“. Засега нема официјална потврда дека е постигнат договор или дека преговорите се во напредна фаза.

Бенитез зад себе има исклучително богата тренерска кариера. Тој ги предводеше Валенсија, Ливерпул, Интер, Челзи, Наполи, Реал Мадрид, Њукасл и Евертон, а најголемиот успех го оствари со Ливерпул, со кој во 2005 година ја освои Лигата на шампионите.

Шпанецот последен ангажман имаше во Панатинаикос, каде што пристигна во октомври 2025 година. Сепак, соработката беше прекината во мај годинава, по разочарувачката сезона на грчкиот клуб.

Интересно е што Бенитез во моментов е без клуб, па евентуален договор со Црвена Звезда би бил можен без преговори со друг клуб околу обештетување.

Останува да се види дали белградскиот гигант ќе успее да го убеди 66-годишниот стратег да се врати на клупскиот фудбал и да преземе нов предизвик во Србија.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.