ВИДЕО: Наинголан даде феноменален гол кој ќе ве остави без зборови!

Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан настапува за Каљари, а во дуелот со СПАЛ даде ефектен гол кој ја остави Италија без зборови.

Човекот кој во Каљари се врати од Интер, прими топка на триесетина метри, а потоа ефектно ја „искина“ мрежата на противникот. Сигурно ова ремек-дело ќе биде прогласено за погодок на колото во калчото.

Голот на Наинголан против СПАЛ:

Дуелот меѓу Каљари и СПАЛ заврши со сигурен триумф на домаќините (2-0).