Нагелсман: ПСЖ нема да е претерано возбуден дека го извлече Баерн

Нагелсман

Баерн Минхен и ПСЖ ќе бидат дел од најзвучниот осминафинален пар во Лигата на шампионите. Така одлучи ждрепката овој понеделник, по која се дознаа натпреварите од првата нокуат фаза.

Јулијан Нагелсман смета дека противникот е силен, но верува дека и нему не му е сеедно што ќе игра против неговата екипа.

„ПСЖ е тежок противник. Веќе имавме тешки противници во групата. Не бевме наградени за нашата совршена групна фаза. И ПСЖ нема да биде претерано возбуден што се соочува со нас. Но, мечот е уште далеку, тука е прво Светското првенство.

Нема смисла сега да се размислува за осминафиналето. Сега на ред го имаме Вердер Бремен, па Шалке и Светското првенство. Сè уште е рано да зборуваме за ПСЖ“, изјави младиот стратег на Баварците.

Осминафиналето стартува на 14 и 15 февруари со првата половина дуели, додека втората е закажана за 21 и 22. Возвратните пресметки ќе се играат на седми и осми март, како и на 14 и 15 март.