Нагелсман: Покажавме многу енергија, момците беа извонредни

Стартот на сезоната во Бундеслигата донесе спектакл од страна на шампиоот Баерн Минхен. Момците на Јулијан Нагелсман го декласираа победниот на Лига Европа на гостински терен. Младиот тренер на баерн не штедеше на комплименти за своитре момци по победата со 1-6.

„Одигравме извонреден натпревар и покажавме многу енергија. Фудбалерите се среќни. Сите во тимот се амбициозни и мотивирани. Одлично е што головите доаѓаат од различни играчи. По разделбата со Левандовски, моравме да промениме нешто. Се надевам така ќе продолжиме“, вели младиот тренер.

Од новајлиите со гол дебитираше Садио Мане, а во вториот дел во игра влегоа Гравенберг, Тел и Де Лихт. Баерн тргна по единаесеттата титула по ред во германското првенство. Последен тим кој ја освоил „салатарата“, а не се викал Баерн, е дортмундска Борусија на Јирген Клоп во 2012 година. 

Состави

Oliver Glasner

3-4-2-1

    Јулијан Нагелсман

    4-4-2