Нагелсман одбива поврзаност со Баерн: На медиумите им требаат нови извори...

Нагелсман Баерн

Многу веројатно е дека Хенс Флик ќе си замине од Баерн Минхен на крајот од сезоната. 56-годишниот стручњак има несогласувања со управата, па би можел да ја продолжи кариерата како селектор на Германија.

На врвот на листата негови заменици е младиот Јулиан Нагелсман, пишуваат германските меидуми. Но, брзо пристигна демант од предводникот на РБ Лајпциг кој испрати јасна порака околу својата иднина.

„Немам никакви разговори со Баерн Минхен. Меидумите треба да побараат нови извори. Не знам од каде им се информациите. Едно е сигурно, јас имам договор со РБ Лајпциг до 2023 година. Ниту јас, ниту мои претставници биле контактирани од страна на баварскиот тим.

Не смее така лесно да се коментираат некои работи, особено не после елиминација од некое натпреварување. Тогаш емоциите се на највисоко ниво и не треба да се прави тоа“, тврди 33-годишникот.

По три сезони во Хофенхајм, Нагелсман се пресели на „Ред Бул Арена“. Таму одлично си ја врши работата, па поради тоа доби долгорочна соработка од клубот.

За младиот фудбалски стручњак се интересираат уште неколку екипи од најдобрите европски лиги.