ВИДЕО: Нагелсман на пријателски меч бараше од голманот да глуми повреда

Репрезентацијата на Германија има катастрофален период зад себе. Бидејќи не играат во квалификациите за Европското првенство, на кое се домаќини, Германците бараа „спаринг партнери“ ширум светот. Сепак, пријателските натпревари само ја загрижија јавноста поради лошите резултати.

Дека ситуацијата во таборот на „панцерите“ не е сјајна, најдобро зборува еден момент од натпреварот со Австрија. Имено, при водство од 1-0 на домашниот тим, Јулијан Нагелсман беше фатен на камера како бара од голманот Кевин Трап да легне и да глуми повреда. Можеби чуварот на мрежата навистина имаше проблеми, ама сакаше да продолжи играта, а доби поинакви инструкции од клупата. 

Нагелсман го искористи тој момент за да поразговара со своите играчи, нешто налик на тајм-аут. Иако подели „свежи“ инструкции, ниту тоа не помогна во исходот на натпреврот, бидејќи Австријците дадоа уште еден гол во продолжението за триумф од 2-0.

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Ралф Рангник

    Јулијан Нагелсман