• Саше Љолес

Германската фудбалска федерација го продолжи договорот на Јулијан Нагелсман, кој ќе остане селектор на „панцерите“ до 2028 година, јавија повеќе европски медиуми.
Младиот стратег ќе се задржи на клупата до завршувањето на следното Европско првенство, а во меѓувреме ќе има задача да избори пласман на Мундијалот кој во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Нагелсман седна на кормилото на Германија во 2023 година и го предводеше тимот на континенталниот собир, каде неговите играчи беа елиминирани од Шпанија, која потоа стана европски шампион.
На клупски план Нагелсман со голем успех ги предводеше Хофенхајм, РБ Лајпциг и Баерн Минхен.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.