• Иван Димовски

Она што се Горан Пандев и Дарко Панчев во Македонија, Диего Марадона и Лионел Меси во Аргентина, Кристијано Роналдо во Португалија (и покрај „црниот“ крај), тоа е Един Џеко за Босна и Херцеговина. „Дијамантот“ на оваа земја го одигра последниот натпревар во репрезентацијата во ремито против Шведска (1-1) во Лигата на нациите.
На стадионот „Билино Поље“ сè беше подредено под играчот со број единаесет, капитенот и најголема легенда на фудбалот во оваа земја - Един Џеко. Ветеранот се прости од националниот дрес, а нацијата му покажа колку тој значел за фудбалот и сцените беа навистина неверојатни. Првично тој беше испратен со „шпалир“ од двете екипи, со пиротехничко шоу од зградата во близина на теренот, со константни песни и пароли од фановите.
Сепак, кулминацијата на вечерта се случи по крајот на натпреварот. Челниците на федерацијата имаа организирано пригодна церемонија за крајот на репрезентативната кариера на Џеко. Легендата сврте почесен круг околу стадионот, се поздравуваше со навивачите, им подаруваше дресови и фудбалски топки.
Популарните „БХ Фанатикоси“ имаа серија на пораки до капитенот, а во скандирањето се приклучија и соиграчите од репрезентацијата.
Кога го заврши, соиграчите го кренаа на рацете иако тој се обиде да остане скромен и да ги спречи.
Сцените во Зеница беа навистина неверојатни, емотивни и Џеко беше испратен како еден од најголемите во светскиот фудбал.








