Надал разочаран од Реал: „Катастрофа, катастрофа... Примера е готова!“ (ВИДЕО)

Надал Рафа

Рафаел Надал победи на турнирот во Барселона, но и покрај обврските, редовно ги следи случувањата во шпанска Примера.

Како голем навивач на Реал Мадрид, тенисерот од Мајорка беше разочаран од последните неколку резултати. Своето незадоволство го искажа при разговор со еден судија на турнирот во каталонскиот град.

„Надал: Катастрофа, катастрофа...

Лајани: 0-0? Одново загубивме два поени...?

Надал: Ова е крај на Примера...

Лајани: Сега само Лигата на шампионите...“

Реал Мадрид до крајот има уште пет меча на кои мора да атакува на сите победи, а во меѓувреме да се надева на лоши изданија на Барселона и Атлетико Мадрид.