Надал му се реваншира на Фоњини, Зверев и Тием елиминирани од „Роџерс Купот“

Италијанецот Фабио Фоњини е еден од најнезгодините тенисери за светскиот рекет број два и бранителот на титулата на „Роџерс Купот“, Рафаел Надал. Четвртфиналниот дуел во Монтреал ноќва беше во најмала рака чуден. Надал започна многу лошо, премногу грешеше и го загуби првиот сет со 6-2.

Сепак, многу брзо се стабилизираше, го доби вториот сет со 6-1 и стекна потребна самодоверба со која го „скрши“ противникот. Веднаш на почетокот на третиот сет Шпанецот го одзеде сервисот на Италијанецот и лесно го реши третиот сет во своја полза. За 117 минути Надал се избори за полуфинале и му се реваншира на Фоњини за поразот во полуфиналето на Мастерсот на земја во Монте Карло.

Првиот полуфинален пар го сочинуваат Русите Медведев и Хачанов. Данил Медведев го надигра Доминик Тием со 2-0 во сетови (6-3, 6-1), а Хачанов славеше против Александар Зверев со 6-3. 6-3.