Набавете билет и навивајте за У21-селекцијата во Битола

Македонската репрезентација до 21 година на 13 и 18 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола ќе одигра два домашни натпревари од квалификациите за Европското првенство 2027.

Продажбата на билети за натпреварите на македонската репрезентација против Шведска и Полска се одвива преку електронската платформа на ФФМ, eticket.ffm.mk и во продажните места на Димпо Тобако во Битола.

Цената на билет изнесува 200 денари. Бидете поддршка за нашите фудбалски надежи во важните квалификациски натпревари.