• Горан Упале
Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов втор натпревар во низа игра од првата до последната минута за својот Пјаст Гливице, a на денешниот натпревар со Пјаст Гливице беше еден од клучните за освоените три бода.
Пјаст Гливице извојува минимална победа од 2-1, а токму македонскиот фудбалер го отвори резултатот, откако во 26. минута одлично ја следеше акцијата и со сигурна реализација ја погоди целта и на својот тим му донесе предност од 1-0.
За Костадинов ова беше втор погодок сезонава во полскиот шампионат, по враќањето од паузата поради незгодната повреда.
