• Горан Упале
Англија извојува сигурна победа над Костарика од 3-0, во последниот контролен натпревар пред стартот на Светското првенство.
Фудбалерите на „Гордиот Албион“ покажаа сила и квалитет против централноамериканската селекција, но еден момент од првото полувреме крена многу прашина кај англиската јавност. Ѕвездата на Арсенал, Нони Мадуеке, го промаши невозможното, откако прво со мајсторска финта го помина противничкиот голман, но не го погоди празниот гол – туку топката од стативата заврши во гол-аут.
Tuchel’s reaction after that Madueke miss pic.twitter.com/JISg4nhSol
— Meech (@MeechSomto) June 11, 2026
Реакцијата на Томас Тухел на ова промашување на офанзивецот на Арсенал говори сè. Сигурно на германскиот тренер не му беше сеедно, затоа што токму заради Мадуеке трпеше најголеми критики кога го објави списокот за Светското првенство, а на него без изоставени Палмер и Фоден.













