ФОТО: На сред натпревар го гризна за брадавицата, а не е Суарез

Стефан Маиерхофер долго ќе го памети натпреварот од Купот на Слoвачка против тимот на Слован Братислава. Австрискиот напаѓач на Тренчин за време на натпреварот бил гризнат од противнички фудбалер и тоа на брадавицата.

„За првпат некој ме гризна на терен. И да, не е виновен Суарез“ напиша Маиерхофер и додаде: „Не доби ниту жолт картон за потегот“, алудирајки на фудбалерот кој му го стори тоа.

Минатиот викенд, Маиерхофер со својот тим Тренчин го исфрли од Kупот Слован Братислава, откако славеше до 3-1. Во својата богата кариера Австриецот има настапувано и за Баерн Минхен, Дуизбург, Келн, Вулверхемптон, Бристол и Милвал.