• Горан Упале
Манчестер Јунајтед претстави две засилувања во вторникот, но ниту едно од нив не го импресионираше Пол Сколс. Тоа се Матијс де Лихт и Нусаир Мазраиу, кои пристигнаа како пакет од Баерн Минхен.
Легендата на англискиот фудбал и поранешен играч за врска на Јунајтед е загрижен дека особено доаѓањето на Матијс де Лихт нема да ги реши проблемите на тимот во одбраната.
Холанѓанецот одигра 53 натпревари за Баерн во последните две сезони, но Сколс не е убеден дека тој е вистинскиот играч за клубот од „Олд Трафорд“.
„Зборуваме за играчи кои не можеа да влезат во првиот тим на Баерн. Де Лихт не играше премногу, тоа е голема грижа, особено кога пред него игра Ерик Даер. Според мене тоа е голема причина за грижи. Претходно Јувентус се ослободи од него, тој не беше доволно добар за да остане таму, а очигледно не беше доволно добар ниту за Баерн“, рече Сколс.
Тој исто така го критикуваше својот поранешен клуб дека се држи до политиката на доведување играчи кои претходно тренирале под водство на Тен Хаг, и тоа за голема сума пари.
И Мазрауи и Де Лихт играа за Ајакс за време на мандатот на Тен Хаг на чело на клубот од Амстердам. Покрај овој двоец, претходно за Тен Хаг играа и Лисандро Мартинез, Антони и голманот Андре Онана.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.