ВИДЕО: На Симеоне му зовре крвта, Аргентинецот во клинч со легендата на Дортмунд!

Фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа ја победија Борусија Дортмунд со 2-1 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ниту пресметката во Мадрид не можеше да помине без разгорување на страстите, а во центарот на вниманието, како и често досега, беше тренерот на домашната екипа Диего Симеоне.

Имено, во второто полувреме дојде до физички контакт помеѓу Аргентинецот и спортскиот директор на Борусија, Себастијан Кел, кој му пријде на четвртиот судија да се пожали за наводен фаул на Де Пол врз Емре Чан, но судијата Марко Гуида не реагираше. Симеоне му пријде на Кел и му се внесе во лице пред двапати да биде оттурнат, но на крајот бил спречен голем инцидент.

По натпреварот Кел истакна дека такви работи се случуваат на натпреварите, а Симеоне знае зошто.

„Не треба да се зборува за тоа, туку за работите на теренот. Во таква ситуација се наталожуваат емоции. Вечерва требаше да го покажете својот став, ништо повеќе. Гужвата се случи поради ситуација на теренот. Симеоне знае зошто, но нека остане на тоа“, рече Кел, кој за време на својата играчка кариера во Дортмунд освои шест трофеи за тринаеесет години.

Стрелци за Атлетико беа Родриго де Пол во петтата и Самуел Лино во 32. минута, а голот за Борусија Дортмунд го постигна Себастијан Але во 81. минута.

Состави

Диего Симеоне

3-5-2

    Нико Ковач

    4-2-3-1