На Робињо му здодеа Кина, па се врати дома во Бразил

По една и пол година минати во Кина, бразилскиот напаѓач Робињо се враќа во Бразил, каде потпиша договор со Атлетико Минеиро. Овој клуб го победи Сантос и го обезбеди бившиот фудбалер на Реал Мадрид, Милан, Манчестер Сити и Гуангжу Евергранде во следните две сезони.

Главната цел за потписот на Робињо, Атлетико Минеиро гледа во враќањето на екипата во Копа Либертадорес, каде амбициите на клубот се големи. 

За репрезентацијата на Бразил, Робињо одигра 99 натпревари и постигна 28 гола.