ВИДЕО: На прсти се бројат фудбалерите кои постигнале гол како ГОРАН ПАНДЕВ!

Фудбалската игра ни донела огромен број на безвременски голови, кои никогаш нема да бидат заборавени, но ретки се фудбалерите кои можат да се пофалат со погодок по перфектен лоб, надвор од казнениот простор на противникот. 

Токму таков гол синоќа постигна нашиот репрезентативен капитен, Горан Пандев во мечот на неговата Џенова со Верона. „Гранде Пандев“ во самиот финиш од мечот тргна во соло-акција и во стил на фудбалски великан се одлучи со лоб да го совлада немоќниот гостински голман. 

Погодокот на Пандев дефинитивно е еден од најубавите во неговата кариера, а на прсти можат да се избројат фудбалерите кои можат да се пофалат со ваков сличен гол како на нашиот репрезентативец. 

  • Марадона (Барселона)

  • Пол Сколс (Манчестер Јунајтед)

  • Вејн Руни (Манчестер Јунајтед)

  • Франческо Тоти (Рома)

  • Хуан Фелипе (Вардар)

  • Горан Пандев (Џенова)