На повидок рекорден трансфер, дефанзивецот побара да си замине од Лестер Сити

Хари Мегвајр

Она што долго време се очекуваше, денес се оствари. Хари Мегвајр побара да си замине од Лестер Сити и со тоа изрази желба ова лето да го засили Манчестер Јунајтед.

Тимот од „Олд Трафорд“ испрати неколку понуди до „лисиците“, но на сите доби негативен одговор. Сега фудбалерот се обрати со официјално барање за трансфер до управата и наскоро би можел да сруши рекорд.

Англичанецот би станал најскапиот дефанзивец во историјата, пред Виргил Ван Дијк од Ливерпул, доколку „црвените ѓаволи“ ја потврдат понудата од 90 милиони евра. 

Лестер има неколку замени за корпулентниот одбранбен играч. Тука се Џони Еванс и Филип Бенковиќ, а не треба да се заборави на капитенот Тејлор Морган.

За Мегвајр постои интерес и од Манчестер Сити, но Пеп Гвардиола не сака да плати толкава сума за неговите услуги.