• Зоран Мишевски
Италијанските фудбалери немаат голем успех кога играат во Шпанија. Така и епизодата на Џакомо Распадори нема долго да трае.
Рома има намера да го засили нападот во јануарскиот преоден рок и за таа цел размислува да го ангажира Џакомо Распадори од Атлетико Мадрид, кој во претходната сезона настапуваше за Наполи и добро ја познава Серија А.
Италијанецот не успеа да се наметне на Пиринеите и досега има само девет натпревари во елитата на Шпанија и два во Лигата на шампионите.






