• Горан Упале
Во пресрет на последните осминафинални натпревари во ФА Купот на Англија, беше извршена ждрепката за следната фаза, а доколку вечерва фаворитите ја оправдаат дадената улога, во четвртфиналето ќе гледаме дерби меѓу најлутите ривали.
Манчестер Јунајтед вечерва ќе се сретне со Нотингем Форест, а победникот од овој дуел ќе излезе на мегдан со подобриот од средбата меѓу Ливерпул и Саутемптон, која исто така се игра вечерва.
Шампионот Манчестер Сити ќе се судри со Њукасл Јунајтед, а подобриот меѓу Вулверхемптон и Брајтон ќе го пречека Ковентри. Последниот четвртфинален пар го сочинуваат Челзи или Лидс Јунајтед против Лестер Сити.
Четвртфиналните натпревари се играат на 16 март.