На Португалците им е доволен и бод против Чешка

Не игра многу Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, повеќе не е незаменлив кај новиот тренер Ерик Тен Хаг, но и натаму е прва ѕвезда за Фернандо Сантош, селекторот на Португалија. Искусниот стручњак го вклучи во тимот пред двете клучни битки во Лигата на нациите со Чешка и Шпанија за пласман во плеј-офот и борба за титулата. Селекцијата на Португалија беше премиерен победник на ова натпреварување под покритие на УЕФА.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Чешка - Португалија:

Португалците не смеат да загубат во Прага в сабота (20:45) во претпоследното коло на Групата 2 во Лигата на нациите А дивизија, ако сакаат да го освојат првото место и да се пласираат меѓу четирите најдобри. Пред последните две средби, Шпанија е лидер со бод повеќе од Португалија. Овие две репрезентации ќе го играат веројатно клучниот натпревар во вторник во Брага за пласман во полуфиналето на третото издание на ова натпреварување. Ако не загубат во Прага, Роналдо и соиграчите со триумф против соседите на „Мунисипал“ со сигурност одат во полуфинале, без оглед на исходот на натпреварот меѓу Шпанија и Швајцарија в сабота во Сарагоса.

Сантош за оваа репрезентативна акција не можеше да смета на повредените Отавио и Ренато Санчез, а од списокот изостави и некои играчи кои беа стандардни во минатите години како Андре Силва, Жоао Мутињо и Гонзало Гуедеш. Ниту Чесите не се без шанси за првото место, со четири бода, но истите се минимални.

Во првиот натпревар на овие тимови, Португалија славеше во Лисабон со 2-0 со головите на Кансело и Гуедеш. Чесите на последните две средби во Лигата на нациите не освоија ниту бод, а не погодија ниту еднаш. И против Шпанија загубија на гости (0-2). Шампионот на Европа од 2016 година изненадувачки во минатото коло дома загуби од Швајцарија (0-1), па „фуријата“ го скокна на табелата. 

Сите квоти во MOZZART од останатите натпревари во ЛН:

Овие селекции досега играле четири средби,а три во своја корист ги реши Португалија, со пораз од 1996 на Европското првенство. Португалците се поквалитетни, но веруваме во внимателна игра. На четирите меѓусебни пресметки само една беше 3+, па веруваме дека ниту сега мрежите нема многу да се тресат.