• Зоран Мишевски
На пет дена пред почетокот на Европското првенство, полската селекција се соочува со големи проблеми. Полјаците се во исклучително тешка група со Холандија, Австрија и Германија и се поставува прашањето кој ќе ги постигнува голови на овие натпревари, бидејќи сите напаѓачи се попвредија.
Најпрво пред неколку дена се повреди Аркадиуш Милик, го мачи коленото и ќе го пропушти шампионатот, а тоа беше само увертира за бизарна серија несреќи. Полска го одигра последниот тест пред Европското првенство синоќа против Турција. Во 12. минута Полјаците поведоа со голот на Карол Швидерски. Напаѓачот на Верона погоди по добрата акција со Роберт Левандовски, а голот на пријателски натпревар го прослави бурно и опасно.
Прославувајќи ентузијастички, тој скокна и го повреди коленото при доскокот. Беше јасно дека повредата е сериозна, бидејќи болната гримаса го замени воодушевениот израз на неговото лице. Брзо селекторот го замени, а полските медиуми пишуваат дека отишол на магнетна резонанца.
Неполни петнаесет минути подоцна следеше нов очај кај Полјаците. Левандовски само се сруши на земја, покажувајќи дека има болки и побара замена. Полјаците пишуваат дека се жали на болки во мускулите. На пет дена до првиот меч на Европското првенство, Полска остана само со еден напаѓа - Кшиштоф Пионтек.