На „орлите“ не им е гајле за Христо

Бугарија од поодамна нема врвни фудбалери на Стариот континент, но според многумина тројца спаѓаат меѓу најдобрите стотина: Георги Аспарухов, трагично починатиот голгетер на Левски, иконата на ЦСКА и Барселона, Христо Стоичков и неговиот имењак Бонев, своевремено еден од најценетите полушпицови во Европа кој скоро целата кариера ја мина во Локомотив од родниот Пловдив. 

Најдобриот стрелец на националниот тим со години ја има функцијата на претседател на „железничарите“ кои под негово водство двапати по ред го освоија домашниот Куп и тоа им се првите трофеи по историската „двојна круна“ во 2004 година. Но, Суперкупот засега им е надвор од дометот – и во 2012 година и лани пред нив застана Лудогорец, апсолутниот владетел во бугарскиот фудбал и деветократен првак по ред, а така веројатно и ќе остане.
„Орлите“ повторно се прошетаа низ Првата лига во која, објективно, немаат вистинска конкуренција.

Коефициентите од натпреварот Лудогорец - Локомотив Пловдив >>>

Меѓутоа, тоа не ги спречува на секој натпревар да влезат максимално сериозно, меѓу другото и поради желбата на сопственикот на екипата, Кирил Домусчиев, кој бара да се освојат што е можно повеќе трофеи и да се оправдаат големите вложувања од последната деценија. Овој натпревар е важен и поради играта на домашниот тим (Суперкупот се игра во Разград) за квалификациите за Лигата на шампионите и би требало да се очекува тренерот на Лудогорец, Павел Врба, да му се спротистави на Локо Пловдив во најсилен состав. 

Избраниците на чешкиот стратег пред нешто повеќе од еден месец ги декласираа ривалите од Пловдив со 6:1, а ако се земе предвид дека и едните и другите не направија сериозни промени во играчкиот кадар, сметаме дека легендарниот Христо Бонев ќе присуствува на нов бродолом на „црвено-црните“.