ВИДЕО: На „Олд Фирм“ дербито не постои загубена топка, особено не за „дивјакот“ Браун

Браун

Вчерашното „Олд Фрим“ дерби донесе победа за Глазгов Ренџер против лутиот ривал Селтик и тоа со голот на Рајан Џек во 30. минута од натпреварот.

Оваа радост, домашните навивачи ја чекаа цели шест години и истата ја дочекаа под водство на легендарниот Стивен Џерард. „Ајброкс“ експлодира по водечкиот погодок кој за Ренџерс донесе делба на првата позиција на табелата.

Дека секој дуел е значаен на ваквите натпревари се докажа преку борбеноста и желбата кај фудбалерите на вчерашната средба.

Ниту една топка не е загубена за лутите ривали, особено не кога покрај неа е Скот Браун, кој важи за еден од најбруталните играчи во Шкотска. При едно потфрлање на главниот судија, тој и неговиот противник речиси се испотепаа за да стигнат до топката.