ФОТО: На обвиненијата, Кристијано Роналдо одговори со објавување на даночната пријава

Кристијано Роналдо даночна

Пред неколку дена „Фудбал Ликс“ откри документи, кои покажуваат дека Кристијано Роналдо затајувал данок преку фирми во Ирска. Португалецот изјави дека има мирна совест и дека медиумите го нарушиле неговиот углед во очите на неговите фанови со обвиненијата.

Одговорот стигна денес, кога компанијата Гестифуте во сопственост на агентот на Роналдо, Хорхе Мендес, ја објави даночната пријава на фудбалерот од минатата година. На неа се гледа дека тој пријавил неверојатни 203,7 милиони заработка за оданочување.

Оваа фотографија го претставува документот пополнет онлајн, кој е испратен до шпанската даночна управа.