„На Меси понекогаш му се смачува да биде Меси...“

Меси Виго

Лионел Меси на гостувањето во Селта Виго ја продолжи лошата серија голгетерски резултати. Тој не успеа да се запише во листата на стрелци трет натпревар во низа, што секако е лоша вест за фановите, кои очекуваат Барселона да ја освои титулата во Примера.

Поранешниот тренер на Каталонците и аргентинската репрезентација, Цезар Луис Меноти, зборуваше за својот сонародник и неговата игра.

„На Меси понекогаш му се смачува да биде Меси. Кога ќе постигне четири гола, тоа е нормално, а кога нема да реализира, се прави голема работа. Тешко е да се биде на негово ниво секоја недела. Не верувам дека ќе си замине, но сигурно дека неговото незадоволство ќе предизвика големи промени ова лето“, изјави Меноти.

Барса зависи од Меси и неговата форма, а тоа е јавна тајна во последните 10-15 години. Неговиот учинок најчесто е одлучувачки во конечниот резултат, а тоа најдобро можеше да се види на последните неколку меча.

Каталонскиот тим заостанува два бода зад Реал Мадрид на табелата во шпанското првенство.