• Иван Димовски
Едуардо Камавинга направи огромна глупост и „поцрвене“ во финишот на реванш четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид. Со тоа „кралевите“ во последните десетина минути останаа со човек помалку на теренот.
Францускиот репрезентативец направи прекршок врз Хари Кејн, а потоа ја зеде топката в раце и тргна да се враќа на позиција. Тоа за судијата Славко Винчиќ без сомнеж беше за опомена и веднаш го извади жолтиот картон.
Словенечкиот арбитар се сврте за да замине од местото, а потоа како да се сети дека Камавинга само осум минути претходно доби јавна опомена, па беше исклучен.




