ВИДЕО: Кантона стана математичар – пресмета дека Англија ќе биде светски првак!

Легендата на Манчестер Јунајтед и францускиот фудбал Ерик Кантона со помош на математиката дојде до заклучок дека Англија ќе биде новиот светски шампион.

Неговата пресметка започнува до 1966 година, кога Англија го освои досега единствениот мундијалски трофеј. Секој број го стави на квадрат, па множеше. Доби број 104976, кој го подели со 52 (толку години поминаа од последната англиска титула) и стигна до резултат од 2018.7692. 2018 е тековната година, бројот седум го означува месецот јули, 6+9=15 (на 15 јули се игра финалето), а двојката ја означува втората титула на Англија. 

Дали математиката на Кантона ќе се испостави точна, најпрво ќе дознаеме вечерва, кога Англија во рамки од полуфиналето ќе се сретне со селекцијата на Хрватска