ВИДЕО: На Халиловиќ никако да му тргне, обид за гол заврши во КУЈНАТА!

Ален Халиловиќ беше најавуван како „хрватскиот Меси“ во деновите кога прејде од Динамо Загреб во Барселона. Тој моментално е играч на Милан, позајмен во редовите на Херенвен во Холандија, но ниту таму не настапува константно. 

Сепак, во викенд-дуелот со Ден Хааг тој доби 20 минути за игра, даде гол за реми (2-2), но имаше и еден комичен шут кој заврши во кујната на стадионот. 

  • Шутот на Халиловиќ на натпреварот Херенвен - Ден Хаг:

23-годишниот Халиловиќ е во голема играчка криза, а во кариерата не успевал да се задржи во ниту еден клуб. Барселона го испраќаше во Спортинг Хихон и Хамбургер, клуб кој подоцна го откупи. Подоцна, германската екипа го позајми во Лас Палмас, пред бесплатно да премине во Милан.

За „росонерите“ запиша само три настапи во Лигата на Европа и беше позајмуван во Стандард и Херенвен.