На голман на Унион Берлин му ја ампутираа ногата: „За да спасиме неговиот живот...“

На голманот на фудбалскиот клуб Унион Берлин, 18-годишниот Беркин Арсланогулари му беше ампутирана ногата откако пред неколку месеци му беше дијагностициран рак на коските, објави германскиот клуб.

„И покрај сите обиди и хемотерапија, ракот не можеше да се победи, а за да се спаси неговиот живот, на Беркин мораше да му биде ампутирана ногата“, се вели во соопштението на сајтот на Унион Берлин.

Покрената е хуманитарна кампања за собирање пари за помош на Арсланогулари и неговото семејство за да се покријат трошоците за лекување. Унион Берлин донираше за кампањата и ги повика сите свои фанови да го сторат истото.

Арсланогулари беше член на јуниорските категории на Унион Берлин, а за првиот тим дебитираше на пријателскиот натпревар против Магдебург.