На годишнината од незаборавниот гол со КПР, откриена статуата на Агуеро пред „Итихад“

Фудбалскиот гигант Манчестер Сити ја откри статуата на легендата на клубот Серхио Агуеро. Статуата на аргентинскиот ас е откриена на десетгодишнината од епскиот гол на 13 мај 2012 година, кога Сити со победата над Квинс Парк Ренџерс го прекина деценискиот пост и ја освои третата титула во Премиер лигата.

Тогаш, Агуеро на асистенција на Марио Балотели во 94. минута (93:20) постигна гол за 3-2 и рапсодија на стадионот во Манчестер. Аргентинецот не е првиот кој добива своја статуа пред „Итихад“, бидејќи таква чест пред него имаа Винсент Компани и Давид Силва.

Статуата на популарната Кун е изградена од 1.000 парчиња галванизиран челик и осветлена е во сино во знакот на Сити.

Агуеро за Сити одигра 390 натпревари, на кои постигна 260 голови и забележа 73 асистенции. Тој освои дури пет титули во Премиер лигата, два ФА Купа, шест Лига Купови, три Комјунити Шилд трофеи, а во сезоната 2020/21 беше вицешампион во Лигата на шампионите.