ВИДЕО: На денешен ден пред 6 години СЕР АЛЕКС ФЕРГУСОН за последен пат го водеше Јунајтед!

20 мај 2013 година засекогаш ќе остане во сеќавање на сите фанови на Манчестер Јунајтед како ден во кој за последен пат „црвените ѓаволи“ беа предводени од легендарниот Сер Алекс Фергусон. 

На тој ден се одигра последното коло од Премиер лигата, а во чест на големиот Ферги фудбалерите на Јунајтед запишаа меч за паметење, откако на гостувањето во Бирмингем кај Вест Бромвич Албион одиграа 5-5. Воедно тој натпревар беше и 1.500-ти меч на Фергусон во својата богата менаџерска кариера. 

Легендарниот шкотски менаџер на „Олд Трафорд“ остана цели 27 сезони, во кои освои сè што можеше да се освои со еден клуб. Под негово водство Јунајтед стигна до 49 трофеи, од кои дури 13 во Премиер лигата и два во Лигата на шампионите.

Сепак, Фергусон не го напушти клубот и по завршувањето на таа сезона ја извршува директорската функција и е амбасадор на клубот.