НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Лихтенштајн доби лекција во Струмица, нека биде слично и в сабота!

На денешен ден минатата година, македонската фудбалска репрезентација со убедливи 4-0 (2-0) го победи Лихтенштајн и со стил ги заврши квалификациите за Светското првенство во Русија. 6.000 гледачи во Струмица видоа прекрасен натпревар и поделија аплаузи за момците на Ангеловски. 

Пандев и Дориев си ја предадоа палката, Муслиу го постигна првиот гол во репрезентацијата, а Адеми враќањето по незаслужената суспензија го одбележа со прекрасен гол.

Потсетете се на ланската победа над Лихтенштајн со 4-0:

Нека биде слично и в сабота кога двете селекции ќе се соочат во Скопје во третото коло од групната фаза на Лигата на нации.