На денешен ден Ивановски ја „измеша“ одбраната на Шкендија за Куп-трофеј на Македонија ЃП! (ВИДЕО)

На денешен ден пред точно 14 години екипата на Македонија Ѓорче Петров го направи својот најголем успех во клупската историја, откако по фантастично финале против Шкендија триумфираше во Купот на Македонија. 

Незаборавниот натпревар на арената „Тодор Проески“ заврши со голема победа на „лавовите“ од 3-2, а најзаслужен за тоа беше напаѓачот Филип Ивановски. Тогаш младиот офанзивец буквално во самиот финиш од натпреварот (94. минута) ја „измеша“ одбраната на Шкендија и на мајсторски начин погоди за 3-2, кои на крај беа доволни за голема победа на скопскиот тим. 

  • Погодокот на Ивановски за Куп-трофеј на Македонија ЃП:

Македонија Ѓорче Петров до нов голем успех во Купот беше и минатата сезона, но немаше среќа во пенал-рулетот и го загуби финалето од Академија Пандев.